Нови тројца лекари од велешка Болница меѓу стоте највредни
Објавено на 25 март, 2015 во 16:08
Награда во висина на уште една плата за месец февруари ќе добијат тројца лекари на велешката болница бидејќи се рангирани во стоте најдобри на национално ниво. Специјалистот по очни болести др Мила Ѓорѓевиќ , хирургот ортопед др Кире Марковски и физијатарот др Нада Јованова се наоѓаат на листата на најдобро рангирани лекари за месец февруари.
Тројцата лекари извршиле најголем број на прегледи закажани на „Мој термин“ и хирургот реализирал најмногу операции со што максимално се залагале во јавната здравствена институција Општа болница Велес.
Наградата што ќе ја добијат е парична поточно уште една плата за месец февруари, годинава, со сите додатоци кои произлегуваат од плата за здравствен работник./У.Ј
