Вработувањето на лицата со попреченост е основно човеково право, сугерираше Ствејтер од УСАИД
Со помош на УСАИД, лицата со попреченост во Велес и околните населени места ќе се вработуваат во бизнис секорот. Се прават стратегии, преговори и договори со велешките бизнисмени за отворање на соодветни работни места и прифаќање на луѓето со хендикеп.
Менаџерот на проектот за вработување на лицата со попреченост Лидија Дамчевска вели дека компаниите покажуваат се поголем интерес заради економските и социјалните бенефиции. Досега оствариле успешни средби со десетина велешки бизнисмени, а дел од нив изразиле желба да вработат луѓе од оваа категорија.
„Главната цел на проектот е зголемување на економските можности на лицата со попреченост што би значело нивна инклузија и на пзарот на трудот а според тоа што ќе ги научиме на пазарот на трудот ќе им овозможиме и социјална инклузија“, рече менаџерот на проектот Лидија Данчевска.
„Вработувањето на лица со попреченост не е прашање на милостина, туку прашање на човекови права. Мора да запаметиме дека овие лица се со многу способности и треба да ги имаат истите можности како и секој друг граѓанин“, рече директорот на канцеларијата за развој на УСАИД во Македонија, Мајкл Ствејтер.
Проектот за вработување на лица со попреченост ќе се спровеува во соработка со општината.
„Ќе ги вложиме сите напори овој проект да го доближиме до бизнис заедницата во градот и да направиме многу повеќе на полето на вработувањето на овие лица бидејќи се лица кои што можат да дадат исклучителен допринос, само треба да им се пружи можност“, рече советничката Нада Трајкова.
Преку проектот на УСАИД во земјава досега со постојан работен однос се стекнале 83 граѓани со попреченост. Тој се спроведува веќе две ипол години во Скопскиот, Полошкиот и Североисточниот регион./Д.С
