Учениците од хемиското училиште во Велес го одбележуваат часот на планетата Земја

Објавено на 27 март, 2015 во 11:26

Еден час утревечер од 20.30 часот ќе бидат изгаснати светилките на Мало Мовче и споменикот на Гемиџиите во Велес. Со овој чин учениците од еко клубот на средното хемиско училиште Димитрија Чуповски симболично ќе го одбележат часот на планетата Земја. Наместо светилките мовчето ќе го осветлуваат запалени свеќи, а учениците ќе испрата силна порака до сите граѓани, барем еден час да ги изгаснат светлата во нивните домови и на тој начин да допринесат во заштитата на животната средина.

„Со оваа акција ние сакаме да се вклучиме во групата на луѓе кои ја исклучуваат електричната енергија еден час и нашата порака ќе биде сите ние утре еден час да ја исклучиме струјата и да се приклучиме во оваа акција за да ја осигураме нашата иднина“, рече Александар Арсовски

„Имаме само уште еден ден до часот на планетата земја и сите треба да бидеме совесни со нашите постапки не само утре во тој еден час туку секој ден како постапуваме и се грижиме за нашата планета“, рече Марија Стефанова.

Единствено учениците од хемиското училиште се сетија да се вклучат во меѓународната кампања за заштита на планетата Земја и борбата против климатските промени.

„На овој начин ги потсетуваме и повикуваме сограѓаните да се вклучат и тие во акцијата барем домашното осветлување во еден час да го исклучат и на тој начин да ја искористат својата моќ и да влијаат на климатските промени, рече професорката Руска Мицева.

„Нашето училиште се вклучи во оваа кампања со цел да покажеме колкаво е значењето на заштедата на електричната енергија и зачувувањето на животната средина, рече директорот на хемиското училиште Горан Јанков.

Во знак на поддршка на акцијата за заштита на животната средина и климатските промени се вклучија и познати личности од јавниот и политичкиот живот во градот./Д.С

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.