Идентификувана старицата што вчера се фрли во Вардар

Објавено на 27 март, 2015 во 13:17

Осумдесет и пет годишната Славка Т. од Велес е жената чие мртво тело полицијата го пронајде вчера попладне во водите на реката Вардар. По наредба на јавен обвинител телото на старивата е предадено на семејството. Безживотното тело на Славка е пронајдено вчера попладнето околу 15 часот во реката во близина на Велес, во месноста викана Јулика. Таа на себе имала црн џемпер и црна сукња.

Инаку очевидци виделе како старицата еден час претходно се фрлила во Вардар од Мало Мовче. По нивната пријава полицијата веднаш го пронајде телото на жената на околу пет километри јужно од градот по течението на реката.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.