И Велес учествуваше во глобалната акција „Часот на планетата Земја“

Објавено на 29 март, 2015 во 07:00

Се угаснаа светилките синоќа во 20.30 часот и на Мало Мовче во Велес а тие, средношколците од хемиското училиште „Димитрија Чуповски“ ја испратија пораката за заштита на животната средина и за климатските промени. Ако не друго тогаш граѓаните можат секојдневно да ги угаснат светилките во домот, барем оние кои не мора да светат.

Користењето на дневната светлина дење и ноќе само на светилките што им се најнеопходни се најмалиот придонес за остварување на заштита на планетата Земја. И не само со светилките туку и со корегирање на сите навики луѓето можат да и помогнат на планетата на која живеат.

 

„Правилното чување на отпадот или заштитата поточно заштедата на вода се исто така полезни за заштита на планетата Земја. Секако има и други. Пораката годинава е симболична, со исклучување на осветлувањето да дадеме поголем придонес во заштитата на животната средина. Овие ученици се на петнаесет, шеснаесет и седумнаесет годишна возраст и тие годинава ја дадоа иницијативата нашиот град да се приклучи кон оваа светска волонтерска организација. Тоа особено радува и се надеваме дека за неа ќе слушнат што поголем број на сограѓани кои секојдневно ќе го прават ова што ние симболично го направивме вечерва, овде во центарот на градот, “ рече професор Руска Мицева.

Синоќа, еден час Мало Мовче беше во темнина. На глобално ниво тоа можеби изгледа малку но кога постепено секој граѓанин тоа ќе го практикува секојдневно тогаш допринесот ќе биде голем, рекоа средношколците.

Во Велес на „Час на планетата Земја“ поддршка дадоа актерите Весна Димитрова Бобевски и Зоран Љутков, пејачите Катерина Брезева и Мики Секуловски како и фудбалерот Панче Ќумбев. Инаку, најголемата светска волонтерска акција започна пред осум години во Сиднеј,, Австралија во 2007 година и годинава во неа се вклучени над 7000 градови во 162 земји./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.