Вардар дотече и го поплави Кејот кај Мало Мовче

Објавено на 29 март, 2015 во 08:04

Синоќа, околу 20.30 часот, водостојот на реката во центарот на градот беше највисок во последните дваесет и четири часа. Водата се излеа и го поплави кејот од едната и од другата страна токму кај столбовите на мостот. Во тој момент, според брзината на водотекот, Вардар сеуште надоаѓаше.

Но, според информации на надлежните не се очекуваа дополнителни излевања. Од Центарот за управување со кризи соопштија дека граѓаните не треба да се вознемируваат бидејќи дотекот ќе стагнира за потоа да започне да се намалува количината на вода во речното корито.

Тоа значи дека не ќе треба да бидат загрижени граѓаните сопственици на градини во населбите Шорка и Речани. Таму и во градините кај Башино село како и во централниот градски парк, како најниски места долж брегот на реката, на кои секој пат Вардар се излева штом се зголемува дотекот на вода./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.