Словенечки обучувачи едуцираат македонски жени за изработка на предмети од рециклиран материјал
Како од стара церада, искористено пластифицирано платно за реклама на билборд или стара кошула може да се направи ранец, зошто не треба да се флат картонските пакувања од купени производи за домаќинство или што се може да се искористи од смет за да се создадат предмети кои освен што ќе бидат користни дома и на работното место исто така можат да се продадат и од нив да се заработи. Обучувачките од невладината словенeчка еколошка организација „Сметумед“ Маја Ријавец и Маја Модријан во Регионалниот креативен центар во Велес ги едуцираат жените вклучени во проектот на Фондација „Фокус“ за економско јакнење на жените од Вардарски регион поточно за употребата на рециклираниот материјал во создавање на производи.
„Ние од Словенија им донесовме полни куфери со производи создадени од рециклирани материјали со кои сакаме да ги поттикнеме и тие да создаваат вакви производи. Сакаме да ги поттикнеме да размислат за своја идеја и да создадат производ од нешто што колку и да звучи грубо, преставува смет,“ рече Маја Модријан од екололошката организација „Сметумед“ од Љубљана.
„ Се повеќе смет има во Словенија а тоа е се повеќе интересен материјал за да се создаде креативени предметити кои ќе се продаваат во продавниците. Она што ние го научивме и создадовме во досегашната работа ќе им го пренесеме, како искуство, на жените со цел да ги продадат производите што ќе ги изработат и да бидат интересни за граѓаните но и за туристите кои ќе дојдат во градовите на Вардарскиот регион,“ рече Маја Ријавец од екололошката организација „Сметумед“ од Љубљана.
Денешната обука ја посети прва група составена од петнаесет жени од Градско, Лозово и Свети Николе вклучени во проектот на Фондација „Фокус“. Обучувачките Модријан и Ријавец ги обучуваат жените како да не го фрлаат сметот од домот и како да дојдат до отпадниот материјал од претпријатијата кои може да им послужи во создавањето на еколошки производи преку процес на рециклажа. Тие се задоволни што во Македонија се реализира ваков проект. Утре ќе им одржат обука на жените од Чашка, Демир Капија, Неготино и Кавадарци а задутре на жените од Велес.
По обуката учесничките во проектот ќе создаваат производи и со поддршка од овој проектот на Фондација „Фокус“ ќе ги продаваат, рече раководителот Марија Алчева.
„Токму за тоа проектот има име Економско зајакнување на жените од Вардарскиот регион. Ова се жени кои имаат креативни идеи и сега ќе ги доразвијат преку изработка на предмети кои ќе се продаваат а тие ќе заработат. Ние ќе им помагаме прво преку он лајн сајтот Креативка.мк каде во делот Галерија ќе ги рекламираме производите што жените ќе ги создадат. Исто така ќе обучиме Агенти кои низ регионот ќе ги продаваат производите за кои ќе изработиме и каталози. Третата работа е организирање на Базари на кои ќе се продаваат производите изработени од овие креативни жени. Нив туристите или граѓаните ќе можат да ги видат или купат и од изложбени полици во повеќе хотели, бензиски пумпи или продавници од Свети Николе преку Лозово, Велес, Чашка, Неготино, Росоман,Кавадарци, Градско се до Демир Капија“ рече Алчева.
Ова е само една од планираните шест месечни обуки во рамките на овој проект во кои се вклучени вкупно 55 жени. Останатите ги држат обучувачи од Македонија, модни креатори, ликовни уметници, изработувачи на накит и други. Жените создаваат накит, доработуваат предмети, плетат и везат, креираат текстил и друго. Проектот предизвика голем интерес и кај вработени жени.
Инаку, проектот „Економско јакнење на жените во Вардарски регион“ се реализира неколку месеци во партнерство со словенечката невладина ИРД . Финансиран е од министерството за надворешни работи на Словенија со поддршка од 80.000 евра. /У.Ј
