Повеќе починати од новородени во дел од градовите во Вардарски регион

Објавено на 2 април, 2015 во 11:30

Се зголемува бројот на починати наспроти новородени луѓе во општините Велес, Кавадраци, Неготино и Демир Капија. Од Управата за водење на матични книги при министерството за правда во Велес информираат дека во првите три месеци од годинава во Велес се родиле 203 новороденчиња, а починале 228 граѓани.

За разлика од Велес во општина Кавадарци поголем е бројот на новородени од починати. Таму за трите месеци родени се 162 новороденчиња а починале 128 граѓани. Состојбата во општина Неготино е повеќе од критична. Морталитетот е во подем за разлика од наталитетот кој речиси го нема.

За трите месеци од годинава родени се само 3 новороденчиња, а починале дури 49 жители. Најлоша е состојбата во општина Демир Капија. Од почетокот на годината Во првите три месеци од годинава таму не се родило ниту едно дете, а починале 14 граѓани.

Тренд на опаѓање има и кај склучените бракови во општините во Вардарски регион. Во Велес за овој период склучени се 84 брака. Во Кавадарци во брак стапиле 72 парови, во Неготино склучени се 33 брака а во Демир Капија во брачна заедница стапиле само осум пара./Д.С

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.