Две села во велешко сеуште отсечени и во уште неколку нема вода или струја

Објавено на 9 јануари, 2017 во 13:29

Велешките села Ветерско и Лугунци сеуште се отсечени од општината. Жителите во нив, во изминатите четири дена, преживеаја и без струја. Во нивните домови од денеска ќе има светло. Засега на малкумината жители не им се потребни храна и лекови бидејќи велат дека имале доволно залихи што ги купиле пред една недела. Но, тие бараат да се пробие патот за да можат да дојдат до Велес.

Од Центарот за управување со кризи велат дека потребен е поголем број на механизација за да се пробие патот до овие две села во општина Велес. Од таму ветуваат дека сега кога е обезбедена комуникација со жителите на Бузалково, Сливник, Клуковец, Иванковци и уште неколку други завеани и отсечени цела во општината ќе се интервенира и на патниот правец кон Ветерско и Лугунци. Патот воопшто не е едноставно да се исчисти и за да го пробијат од снежните навеви и мразот се потребни повеќе машини и време.

Во Велес, студот и поларните температури предизвикаа дефекти на водоводната мрежа. Вода немаат граѓаните кои живеат на улицата „Прохор Пчински“. Екипи на ЈКП „Дервен“ работат на отстранување на пукнати и измрзнати водоводни цевки.

– Времето е многу ладно, екипите работат и се обидуваат што поскоро да ги отстранат дефектите во Велес. Освен во градот кај нас, вода три дена нема и во кавадаречкото село Возарц. И таму дефектот го предизвикаа ниските температури и студот, велат од ЦУК.

По четири дена без електрична енергија од ноќеска час половина по полноќ струја добиле велешките села Раштани и Бузалково. На подрачјето на општина Велес сега без струја се селата Карабуњиште и Белештевица. ЦУК побарал помош од ЕВН и екипите од утринава работеле на отстранувањето на дефектите и нормализирање на електро мрежата од која се снабдуваат овие две села.

Убавка Јаневска

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.