Со нови 10 пожарникари ќе се екипира единицата во Велес

Објавено на 30 мај, 2018 во 13:31

Наместо помеѓу 38 и 40 велешката Територијална противпожарна единица е десеткувана и брои само 18 пожарникари. Тие гаснат пожари и интервенираат во сообраќајни несреќи на територијата на велешката и соседните општини Градско и Чашка. Пожарникарите не располагаат со лична опрема што гарантира дека се безбедни нивните како и животите на граѓаните кои ги спасуваат од огнот. Проблематични се и возилата, цистерните и другите помагала за интервенција на единицата. Ваква состојба наследил Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски на почетокот на неговиот мандат пред седум месеци кога по трет пат седна во општинската фотеља.

– Се надевам дека сега по вработувањето на новите пожарникари малку ќе се смени атмосверата и работите ќе се постават на соодветен начин, рече Коцевски.

Конечно,по шест месеци од барањето,Општина Велес од државата добила согласност за вработување на 10 пожарникари. Таа наскоро ќе објави конкурс. Нововработените пожарникари ќе работат и ќе одат на шестмесечна обука. Така ќе се решава екипираноста и подготвеноста на единицата. Но, за сега неможе да се реши проблемот со новиот командир и со вишокот на работни часови што малубројната единица ги одработува а не може да користи слободни денови. .

– На времето на незаконски начин се поставени командирот и неговиот заменик на ТППЕ. Секојдневно добивам поплаки за несоодветно однесување на командирот. За жал законот не ми дозволува ништо да превземам затоа што од актуелниот состав нема ниту еден што ги исполнува условите за командир. Исто така сите пожарникари здружени преку адвокат од Крива Паланка повеле судски спорови против општина Велес и надоместуваат пари со што буџетот на општина Велес е сериозно оштетен, рече Коцевски.

Засега единствено решение на напластените проблеми во Територијалната противпожарна единица во Велес се новите вработувања. На решенијата за останатите проблеми ќе се чека. /У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.