Прва пресуда за случајот поврзан со смртта на Тамара Димовска од Велес

Објавено: 8 јуни, 2020, во 13:00 часот

tamara finfin

8.06.2020

Падна првата пресуда за случајот поврзан со смртта на малата Тамара Димовска од Велес. Условна казна затвор една година доби претседателката на управниот одбор на Фондот за здравство на која и се судеше во одвоена постапка. Судијата Марин Станевски ја донел ваквата пресуда во која се условува поранешната претседателка на управниот дека ќе оди во затвор само ако во рок од три години направи ново кривично дело.

Како што пренесува ТВ Телма, пресудата се уште не е правосилна и течат роковите за жалба.

Поради здравствени проблеми судењето за неа беше одвоено од судењето против останатите единаесетмина обвинети меѓу кои се доктори од двете комисии кои одлучуваат за лекувања во странство како и тогашните директори на фондот.

Инаку сите се обвинети за несовесно работење во службата.

Девојчето почина во февруари 2015 та чекајќи државата да и овозможи операција во странство за сколиозата која ја имаше. Процесот против докторите и директорите започна во јуни 2017 та и се уште не е завршен.

Следното рочиште е на 12 ти јуни.

Извор: telma.com.mk

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.