Нема велешани меѓу 87 новозаболени од Ковид 19, денеска починато е едно лице и оздравени петмина граѓани

Објавено: 9 јуни, 2020, во 13:40 часот

vtornikKovid19 fin

9.06.2020

Во последните 24 часа направени се 987 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на ковид-19. Велешани нема а според статистиката на Институтот за јавно здравје и Министерството за здравство noboзаболените се од следниве градови:

– Скопје 41
– Куманово 12
– Штип 16
– Тетово 10
– Струга 1
– Охрид 2
– Гостивар 1
– Пробиштип 4

На Клиниката за кардиологија почина пациент од Куманово на возраст од 74 години, хоспитализиран пред 2 дена и потврден позитивен на оваа клиника.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 5 оздравени пациенти.

– Скопје 1
– Прилеп 2
– Тетово 2

Досега во земјата се направени вкупно 38014 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 80 теста се во рамките на скринингот во градинки во Скопје, нема позитивни резултати на ковид-19.
купната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3239, бројката на оздравени пациенти е 1658, на починати е 157, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1424./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.