Тепачка во ходник пред нотарска канцеларија во Велес

Објавено: 9 јуни, 2020, во 14:00 часот

foto velesodcrkva Sv Spas fin

9.06.2020

Дваесет и пет годишниот Д.Б од светиниколското село Пеширево, вчера, во полициската станица Велес пријавил дека околу 12.00 часот во ходникот на нотарска канцеларија на улица „Алексо Демниевски“ во Велес, бил физички нападнат од триесет и три годишниот К.М. од велешкото село Горно Оризари.

Пријавата била поднесена три часа по тепачката. Полицијата превзела мерки и целосно го документирала случајот.

– По расветлување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.