Велешанец нападнал обезбедување на банка во Велес

Објавено: 19 август, 2020, во 08:43 часот

NLBbanka

19.08.2020

Метежот и нервозата што се создава помеѓу велешани пред банките во Велес е причина за вчерашниот напад на лице за обезбедувањето на банката од страна на 53 годишен граѓанин. Тоа се случило откако професионалниот обезбедувач го предупредил дека е потребно да ги почитува протоколите за заштита од коронавирус.

Вчера околу 12 и 40 часот лицето за обезбедување го пријавило инцидентот во СВР Велес. .

„На 17.08.2020 во 12.40 часот Б.А.(34) од Велес, вработен како обезбедување во банка, пријавил дека додека извршувал работни задачи, бил физички нападнат од Б.Ш.(52) од Велес. Според пријавеното, на нападот му претходела вербална расправија поради непочитување на протоколите за заштита од Ковид-19 од страна на пријавениот“, соопшти портпаролот на СВР Велес, Димитар Каракулев.

Напаѓачот бил приведен во полициската станица Велес и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.