Пренесен пациент со Ковид – 19 од Велес на Инфективна клиника во Скопје
3.09.2020
Вклучен звучен сигнал на возилото на Итна медицинска помош пред дваесеттина минути низ градските улици беше поради транспорт на пациент на шеесет и две годишна возраст од Инфективно одделение на Општа болница Велес на Инфективна клиника во Скопје.
Пациентот е од Свети Николе и шест дена се лекувал во велешката болница.
Поради влошена здравствена состојба, падната ситурација, инфектолозите од Велес одлучиле да го испратат како итен случај на клиниката во Скопје.
-Пренесувањето на пациентот на Инфективна клиника во Скопје е пред се поради навремена реакција за добивање на квалитетна здравствена услуга и надзор во клиника што претставува Ковид центар. Неговата здравствена состојба засега не е од витално загрозувачки карактер по неговото здравје, рече д-р Весна Николовска Неделкова портпарол на Општа болница Велес.
Денеска на Инфективното одделение во велешка болница од коронавирус се лекуваат вкупно 15 пациенти. Од нив двајца се сомнителни додека 13 се позитивни. Три пациенти се на кислородна поддршка. На домашно лекување денеска се испратени двајца пациенти со два негативни резултати од контролни тестирања./У.Ј