Казнети 32 велешани, 15 кавадарчани и 14 неготинци за неносење заштитни маски

Објавено: 1 октомври, 2020, во 14:25 часот

Policijakontrolamaski fin

1.10.2020

Покрај предвидената мерка за носење на заштитна маска надвор од домот граѓаните не секогаш ја имаат на своите лица. Тоа го потврдува полицискиот билтен во кој се соопштува дека во изминатите 24 часа полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Велес, од трите полициски станици во Велес , Кавадарци и Неготино казниле вкупно 61 лице.

Поточно за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита казнети сe 32 велешани, 15 кавадарчани и 14 неготинци./С.А

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.