Три сообраќајки во еден ден и за среќа полесно повредени тројца моторциклисти и едно дете во Велес

Објавено: 5 октомври, 2020, во 16:38 часот

soobrakajki fin

5.10.2020
Со повреди на лицето, скршеница на носна коска и на главата се здобил дваесет и четири годишниот возач на моторцикл марка „баотиан“ со велешки регистарски ознаки кога удрил во бетонски рабник и паднал на коловозот вчера вечер околу 23.00 часот на ул.„Алексо Демниевски“ во Велес.

– Неговата здравствена состојба е добра. По направените прегледи, снимања и останати здравствени прегледи повредениот е пуштен на домашно лекување, рече д-р Весна Николовска Неделкова портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.

Полициски службеници направиле увид на местото на несреќата. Се утврдуваат причините, рече Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.

Освен оваа сообраќајка, во текот на вчерашниот ден, се случиле уште две други сообраќајки во Велес.

Во една директно се судриле моторциклисти кои според д-р Николова Неделкова повредените биле примени на Хирушкото одделение во велешка болница. Тие биле со полесни повреди за што по укажаната помош се пуштени на домашно лекување.

И третата сообраќајна незгода се случила на улица „Благој Ѓорев“, пред „Паб“, каде такси возило удрило во 14 годишно девојче. Детето било пренесено во Општа болница Велес и му била укажана лекарска помош за констатирани површински повреди на лицето.

-На 04.10.2020 околу 22.15 часот на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес, такси возило „даеву тико“ со велешки регистарски броеви, управувано од Т.Л.(40), удрил во 14-годишен малолетник. Во незгодата, малолетничката се здобила се телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес“, соопшти Вероуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Полицијата извршила увид чиј резултати треба да ги откријат причините на несреќата.

Во последните десеттина дена во Велес често се случуваат сообраќајни незгоди во кои учествуваат моторциклисти. Повредите кои ги здобиваат покажуваат дека тие не носат заштитни кациги./У.Ј

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.