Двајца сопружници и еден маж се новозаболени од Ковид 19 во Велес

Објавено: 5 октомври, 2020, во 17:10 часот

 Velespanoramaleto fin

5.10.2020

Брачен пар и маж се заболени и во ист ден браќен пар и жена се оздравени од коронавирус во велешко. Ова го покажува евиденцијата на Институтот за јавно здравје.

Со регистрираните три новозаразени вкупната бројка во велешко изнесува 342 лица од кои за оздравени се водат 293 лица, активни 33 лица и починати од Ковид-19 се 16 граѓани.

На Инфективното одделение во Општа болница Велес се лекуваат вкупно 23 пациенти.

-Дваесет од нив се потврдено позитивни додека за тројца се чекаат резултати од земен брис. Четворица од пациентите се на кислородна поддршка. Во саботата, на 3 октомври, поради влошена здравствена состојба на Инфективна клиника во Скопје беа транспортирани две пациентки на 65 годишна возраст. Кај втората пациентка, од Свети Николе, клиничката слика покажа пневмонија типична на Ковид-19, со пад на сатурација иако таа имаше негативен тест, рече д-р Весна Николовска Неделкова портпаролка на Општа болница Велес.

Денеска на Инфективното одделение во велешка болница се лекуваат седум пациенти од Велес, 10 од Свети Николе, три од Неготино, двајца од Кавадарци и еден од Валандово./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.