Во „Ѕвончица“ се подигнува „Детска зелена градина“ (ФОТО)

Објавено: 8 октомври, 2020, во 23:16 часот

Zvoncica11

9.10.2020

Вака, според детската перцепција, прикажани преку боички на блокче, треба да изгледаат „Зелени детски градини“. Во нив задолжително има дрвја, со овошни плодови, но и зеленчук поточно морков,нане и магдонос. Затоа што од овошјето се подготвува сок додека супата е највкусна со магдонос и морков. А тоа е омилена храна и напивка на децата од шестиот клон „Ѕвончица“ на ОЈУДГ „Димче Мирчев“ во Велес. На детската листа на омилени зрнести плодови се и пченица и леќа .

CrtezZvoncica

Zvoncica1

Едукативната работилницата од проектот „Зелени детски градини“ што се одржа со децата беше посветена на овошните и зеленчукови градини. Во неа учествуваа 14 деца и четири воспитувачки на клонот „Ѕвончица“.

Zvoncica3

Zvoncica4

Цртежите беа закачени на изложба во дворот. Потоа започна полнењето на хумус во рачно искреирани тегли со напишани имиња на секое дете. Теглите наместо да се фрлат како смет можат да се употребат како саксии.

Zvoncica7

-Хумусот е мек како душа и убав бидејќи овозможува се што ќе се засади да даде плод.Пченицата е долгнавеста додека леќата топчеста. Тие се здрава храна,одговараа децата набљудувајќи ги преку лупа овие два зрнести плодови што потоа ги засадија.

Zvoncica10

Zvoncica9

-Слично на пченица е и семето на билките магдонос и нане, констатираа вредните мали градинари додека го сееја и засадуваа, во хумусот во жардинерите што потоа ги внесоа во занималната за да го набљудуваат процесот на `ртење и формирање на стебла.

Zvoncica seenjemagdonos

Малите градинари редовно ќе ги полеваат со детски кантички за вода, ќе го мерат со метро и цртаат растот на стеблата. Во исто време ќе се споредува со детската висина и штом порасне доволно високо, до глуждот на детските нозе, жардинерите ќе се постават на вертикалните градини создадени од палети во дворот на градинката. Таму плодовите ќе ја чекаат првата берба а потоа ќе завршат кај чичко Борче, куварот во градинката, кој има задача сите израснати билки и плодови да ги искористи за подготовка на дневниот детски оброк.

Zvoncicaseme

Децата се натпреваруваа и во знаење кои плодови и билки треба да се дел од нивната секојдневна здрава исхрана. Ја кажуваа омилената храна, гравче со нане, супа со морков, компир и магдонос, пченични топчиња, салати од зелка, цвекло, морков и марула или шери домати, крставички и пиперки.

Zvoncicapano

И чај од мајчина душица или од шумски плодови како омилена напивка.

Zvoncica marenda

-Низ едукација преку проектот „Зелени детски градини“ во кој ОЈУД „Димче Мирчев“ заедно со ПОУ„Маца Овчарова“ се партнери на Фондација „Фокус“ децата стекнуваат знаења за здравата храна. На наредната работилница внимание ќе и се посвети и на заштитата на животната средина затоа што сега се подготвува дел од дворот за засадување на 25 туи што ќе ги полеваат и негуваат децата. Ќе поставиме и фолија за да засадиме расад и ќе произведеме здрави градинарски плодови што ќе се користат во исхраната на децата, рече директорката на градинката Маја Велиновска.

Zvoncica pozdravuvanjezakraj

Стартот на проектот, финансиски поддржан од Министерството за животна средина и помогнат од Општина Велес, се случи во месец септември наместо во јуни, годинава, поради епидемијата на Ковид-19. Сепак до крајот на месец ноември реализацијата на активностите ќе резултира со први плодови, фолија со засаден расад на зеленчук и уреден двор со зелени садници. Вака Фондација „Фокус“ одлучи да му помогне на градот со уредување на два простори на левата страна. И двата, во градинката и во училиштето, се наменети за деца.

Засега помагатели на проектот се компаниите „Ронтис“ и „Хемомак“ со палети според ЕУ стандард како и ЈКП „Дервен“ со косење на тревата и обработка на земјените површини./У.Ј

Zvoncica zardineri

Zvoncica alat

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.