Силувана малолетничка и измамена жена во велешки села

Објавено: 16 октомври, 2020, во 13:55 часот

siluvanje fin

16.10.2020 

Дваесет и осум годишна жена од велешко село, вчера вечер, околу 20 часот во Секторот за внатрешни работи Велес, пријавила дека осумдесетгодишник извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка. Таа посочила конкретно лице, В.Ч.(80) од велешко село дека ја извршил обљубата.

– Се работи на расчистување на случајот, соопшти во писмената информација портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.

Исто така полицијта пишува дека работи и на втор случај што вчера се случил во велешко.

Станува збор за измама на 64 годишна жена од страна на две лица. Според пријавата лицата дошле во домот на жената и ѝ понудиле да ѝ гатаат на злато што чинело 2000 денари. Жената им дала неколку златни предмети, по што лицата побегнале. Случката во полиција ја пријавил синот на оштетената./С.А

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.