Полицијата казнила 11 возачи за прекршоци во сообраќајот и 61 граѓани за неносење заштитна маска
25.12.2020
Завчера, среда, во времетраење од 08.00 до 16.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Велес спроведена е засилена акциска контрола на возачи за неправилно престигнување и недржење страна на движење.
Полициските службеници констатирале вкупно 11 прекршоци.
Од вкупниот број во Велес ги сториле осум возачи и во Неготино тројца возачи.
-Против овие возачи ке бидат поднесени соодветни пријави, најави портпаролот Верољуб Додевски
Денеска полицијата, исто така, соопшти дека во изминатите 24 часа за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита полициските службеници евидентирале вкупно 61 лица.
На отворено, без заштитна маска, во Велес се движеле 36, во Кавадарци 15 и во Неготино 10 граѓани кои заработиле казни.
Стоилко Андреевски