Стагнира епидемијата со коронавирус во велешко?

Објавено на 3 јануари, 2021 во 14:55

BolnicavlezkapijasoFizikalnoicrkva

3.01.2021

Втор ден без фатални последици врз човечкиот живот и со ист број на ковид болни на лекување во Општа болница Велес. Со заразната болест сеуште се борат 29 граѓани во болнички услови и 524 во своите домови. Во последнава бројка се наоѓаат и 10 вчера потврдени позитивни сограѓани.

Во велешка болница, исто како и деновиве, вкупно се хоспитализирани 29 ковид пациенти, од кои 20 се потврдено позитивни, 2 сомнителен и 7 пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.

На кислородна поддршка се 10 пациенти.

Поточно на Инфективно одделение се лекуваат 25 додека на Интерно одделение 4 пациенти. Вкупниот број на велешани кои се лекуваат во скопски клиники е ист поточно изнесува шест ковид пациенти.

Доколку бројките, по новогодишните празници останат исти, вкупно заболени велешани од почетокот на епидемијата 2784 и со вчера оздравените 14 вкупно 2138 оздравени, ќе може да се констатира дека заразната болест влегува во период на стагнација.

Но имајќи ја во предвид вирулентноста граѓаните и понатаму потребно е да бидат максимално претпазливи и да ги почитуваат добро познатите мерки за заштита. 

Стоилко Андреевски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.