Зголемен бројот и половина од ковид пациентите во велешка болница се на кислородна поддршка

Објавено на 8 јануари, 2021 во 15:32

Infektivnovlez

8.01.2021

На Инфективно 37 и на Интерно одделение се лекува еден пациент или вкупно во Општа болница Велес хоспитализирани се 38 ковид пациенти.

Од нив 31 се потврдено позитивни, двајца сомнителни и пет пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување поради неопходна здравствена грижа и закрепнување.

Половина од болничките ковид пациенти се на кислородна поддршка, поточно 16 пациенти.

-Денеска од болничко лекување испишани се тројца пациенти како оздравени со по 1 негативен тест, рече портпаролката на Општа болница Велес д-р Елеонора Јованова.

Стоилко Андреевски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.