Двајца починати велешани од ковид-19 во Општа болница Велес

Објавено на 10 јануари, 2021 во 17:44

AvionVelesnadDolnidukani fin

10.01.2021

Маж на 57 годишна возраст од населба Горно Оризари, хоспитализиран на Инфективно одделение еден ден и пациент на 82 годишна возраст од Велес, лекуван 12 дена починаа вчера, сабота, 9 јануари во велешката болница.

– Денеска во болницата вкупно се лекуваат 34 ковид пациенти, од кои 26 се потврдено позитивни,1 сомнителен и 7 пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 15 пациенти. Денеска од болничко лекување испишани се 2 пациенти како оздравени со по еден негативен тест, соопшти портпаролката д-р Елеонора Јованова.

Од вкупниот број на болнички ковид пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 33 и на Интерно еден пациент.

Со последните двајца починати велешани вкупниот број, од почетокот на пандемијата до денеска, се искачи на 96 граѓани.

Стоилко Андреевски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.