Дваесет новозаразени и 15 оздравени велешани од коронавирус, на болничко лекување 35 пациенти

Објавено на 12 јануари, 2021 во 18:47

infektivno2

12.01.2021

Нови 20 велешани се заразиле со коронавирус во последното деноноќие, соопшти Министерството за здравство. Освен велешани има и 28 новозаразени кавадарчани, двајца светиниколчани и тројца неготинци. 

Институтот за јавно здравје денеска регистрира оздравени во: Велес 15, во Кавадарци 27, во Свети Николе 1 и во Неготино 12 ковид болни.

Во Општа болница Велес денеска се лекуваат вкупно 35 ковид пациенти, од кои 26 се потврдено позитивни,двајца се сомнителен и седум пациенти имаат негативен тест но се задржани на болничко лекување.

– На кислородна поддршка се вкупно 11 пациенти. Од болничките 35 пациенти на Инфективно се лекуваат 29 и на Интерно шест пациенти, рече портпаролката д-р Елеонора Јованова.

Исто така, денеска, од болничко лекување испишани се двајца пациенти како оздравени со по еден негативен тест.

Стоилко Андреевски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.