Оштетена е новогодишната елка во Младински парк, се апелира до сите граѓаните да не и се доближуваат

Објавено на 14 јануари, 2021 во 11:48

elkavv fin

14.01.2021

Новогодишната елка која се наоѓа во Младинскиот парк, повеќе не е во функција. Оштетени се светлечки кордони од страна на несовесни граѓани, и истата повеќе не е безбедна за посетителите во паркот.

Општина Велес од своите служби побарала исклучување на новогодишната елка, и во наредните денови во зависност од временските услови, ќе мора да се изврши и демонтажа на елката.

Се апелира до сите граѓани да не се доближуваат блиску елката, иако истата е исклучена.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.