Една почината пациентка и нови 27 ковид пациенти во велешката болница

Објавено на 14 јануари, 2021 во 12:30

Infektivnovlez

14.01.2021

Во Општа болница Велес денеска се хоспитализирани 35 ковид пациенти од кои 27 се потврдени позитивни, еден сомнителен и седум пациенти со негативен тест, но задржани на болничко лекување.

„На кислородна поддршка се вкупно 12 пациенти, од болничките 35 пациенти на Инфективно се лекуваат 29 и на Интерно шест пациенти“ – соопшти потпаролката д-р Елеонора Јованова.

Исто така денеска од болничко лекување испишани се двајца пациенти со по еден негативен тест.

Во текот на вчерашниот ден почината е една пациентка на 53 годишна возраст од Виница, примена на инфективно одделение истиот ден, среда, 13 јануари во велешката болница.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.