Еден починат пациент на 79 годишна возраст и нови 38 ковид пациенти во велешката болница

Објавено на 18 јануари, 2021 во 12:36

bolnica fin

18.01.2021

Во Општа Болница Велес хоспитализирани се вкупно 38 ковид пациенти. Од нив 29 се потврдени позитивни, двајца сомнителни и седум пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.

На Инфективно одделение почина пацинт на 79 годишна возраст, лекуван  две недели.

-На кислородна поддршка имаме вкупно 14 пациенти. Од вкупниот број на хоспитализирани на Инфективно одделение има 31 пациент, а на Интерно одделение седум пациенти. – соопшти потпаролката д-р Елеонора Јованова.

Денеска испишани се и тројца оздравени пациенти со по еден негативен тест.

Стефани Манева

#ОпштаБолницаВелес #КовидПациенти #ОздравениПациенти #ИнфективноОдделение #ИнтерноОдделение

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.