Велешани повторно хумани, голем број на крводарители на првата акција

Објавено на 20 јануари, 2021 во 17:27

krvodariteli 2

20.01.2021

Шеесет и пет крводарители се одзваа на првата крводарителска акција годинава на Општинската организација на Црвен Крст во Велес. Од нив 16 се жени, останатите мажи како и четворица велешани за прв пат даруваа крв.

-Го видов црвеното комбе и сватив дека овде се дарува крв. Влегов и еве дарувам. Мислам дека направив добро дело, рече крводарител од Велес.

-Втор пат дарувам крв и очекувам да спасам човечки живот, рече крводарител од Велес.

Крводарителската акција траеше шест часа и се реализи во Ликовен салон во Велес. И во услови на зима и пандемија на ковид-19 има одлични резултати рече секретарот на велешкиот Црвен Крст, Орце Николов.

-Можам да кажам дека го постигнуваме успехот што го остваривме и во минатата година.

Со постигнатите крводарувања во минатата година, со кои велешкиот Црвен Крст за 182 отсто го надфрли Годишниот план ,е рангиран на второ место во државата. И тоа со 18 реализирани крводарителски акции во кои 3390 крвни единици даруваа граѓани на Велес и соседните општини Чашка, Градско и Лозово. Пет од акциите беа вонредни поради потребите од крвна плазма за време на ковид-19 во државата.

-Годинава се планирани поголем број, односно 27 крводарителски акции колку што впрочем имавме планирано и во Годишниот план за минатата година, додаде Николов.

Сепак вкупниот број на крводарителски акции што годинава ќе се реализираат ќе зависи од состојбите во државата предизвикани од пандемијата на коронавирусот.

krvodariteli 1

krvodariteli 3

Убавка Јаневска 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.