Казнети вкупно 28 лица за неносење на заштитна маска, 18 од нив се велешани

Објавено на 21 јануари, 2021 во 11:32

maska fin

21.01.2021

Во изминатото деноноќие повторно казнети велешани за неносење на маска.

„За непочитување на Уредбата за носење на лична заштита, евидентирани се 28 лица“ – соопшти Верољуб Додевски, потпарол на Сектор за внатрешни работи-Велес.

Дел од овие лица, односно 18 се од Велес, пет од Кавардци и пет од Неготино. Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки.

Се апелира до сите граѓани на Велес, да се почитуваат сите мерки со цел подобрување на ситуацијата со коронавирусот.

Стефани Манева

#ЗаштитнаМаска #СВР-Велес #Велес #Неготино #Кавадарци

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.