Од Велес си замина уште еден авангардист

Објавено на 25 јануари, 2021 во 14:58

142111632 3175727262529153 5630616155197813275 n

25.01.2021

На 80 годишна возраст, во предвечерието на неговиот роденден и именден, Војордан , во Велес почина Ордан Поп Андов, долгогодишен директор на Шумско стопанство „Бабуна“ и поранешен заменик министер за земјоделие.

Поп Андов беше еден од основачите на Сојузот на пријатели на шумите во поранешна Југославија, како претставник на Велес. Постарите велешани го познаваат и како организатор и стучен консултант за хортикултурното уредување на велешката Спомен Костурница, при завршувањето на нејзината изградба и формирањето на парковските површини околу споменикот. Тој беше и организатор и активен учесник во бројни акции за пошумување на голините околу Велес и во дел од Азот поточно во близина на Богомила, сегашна Општина Чашка.

Планинарите го познаваат и како активен член и претседател на планинарското друштво „Солунска глава“. Поп Андов беше несебичен борец за развој на планинарството и за одржување на планинарските домови во велешко.

Поранешните акцијаши и бригадири го паметат и како иницијатор и стручен конслутант на работната акција „Чеплес ‘77“, преку која низ карпестите предели на планинскиот масив се спроведе водовод од местоста Плавник до планинарскиот дом „Чеплес“ во должина од над 1000 метри што го ископаа велешки млади акцијаши, членови на младинска работна бригата Благој Ѓорев. 

Ордан Поп Андов беше велешки авангардист на полето на екологијата со желба велешани својот Велес да го гледаат опкружен со шума. Тој истотака беше пасиониран спелеолог и инструктор за опстанок во природа без храна и вода. Еден од најуспешните негови ученици беше алпинистот спелеолог Борче Јовчевски.

Ордан Поп Андов е татко на пет деца, од два брака со сопругите Борка и Озел.

Убавка Јаневска 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.