Вкупно се хоспитализирани 20 лица во велешката болница, 16 од нив се потврдени позитивни

Објавено на 28 јануари, 2021 во 13:12

bolnica finn

28.01.2021

Во Општа болница Велес, вкупно се хоспитализирани 20 ковид пациенти. Од болничките 20, на инфективно одделение се 17 лица додека на Интерно одделение се три лица.

-16 од пациентите се потврдени позитивни, тројца се сомнителни и еден пациент е со негативен тест но задржан на болничко лекување. На кислородна поддршка се вкупно седум пациенти.  – соопшти д-р Елеонора Јованова. 

Состојбата со коронавирусот во градот Велес е стабилна, но се апелира до сите граѓани да се почитуваат мерките со цел спречување на ширењето на вирусот.

Стефани Манева

#Ковид-19 #ХоспитализираниПациенти #ОпштаБолницаВелес #СтабилнаСостојба 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.