Вкупно 36 ковид пациенти се хоспитализирани во велешката болница, осум од нив на кислородна поддршка

Објавено на 5 февруари, 2021 во 13:10

Infektivnovlez fin

05.02.2021

Во Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани 36 пациенти, 25 од нив се потврдени позитивни, четворица се сомнителни и седум пациенти се со негативен брис но задржани на болничко лекување.

-Од хоспитализираните 36 пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 29 лица додека на Интерно одделение само седум пациенти, соопшти д-р Елеонора Јованова.

На кислородна поддршка се осум пациенти.

Од Општа болница Велес, апелираат до сите граѓаните да ги почитуваат мерките од Владата со цел спречување на коронавирусот.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.