Санкање, фотографирање и прошетки на снег денеска во Велес (ФОТО)
Објавено на 14 февруари, 2021 во 15:27
14.02.2021
Младински парк го избраа повеќемина велешани денеска за прошетка, фотографирање на снег како и за санкање на своите деца. И покрај студеното време и измерените минус 1 степени целзиусови околу пладне паркот се наполни со граѓани и со деца. Можеби причина повеќе беше што престана да паѓа снег.
Вчера вечер пак измерените минус 7 степени најверојатно ги поколебаа граѓаните од излегување. Топлиот дом секако не се споредуваше со студот пропратен со ветер додека снегот го засипа Велес . Низ улиците во градот скоро и да немаше граѓани на прошетка.
Стефани Манева
Фото галерија
