СВР Велес: Велешани го почитуваат полицискиот час но не носат маски
Објавено на 16 март, 2021 во 10:58
16.03.2021
Во изминатото деноноќие на територија на Сектор за внатрешни работи Велес, регистрирано е едно лице за непочитување на забраната за движење за време на полициски час кој трае од 22:00 часот до 05:00 наутро.
Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки, соопшти Верољуб Додевски, потпарол на СВР Велес.
Исто така, за Уредбата за носење на лична заштита, евидентирани се 29 лица. Од нив, десет во Велес, шест во Кавадарци и 13 во Неготино.
Стефани Манева
