СВР Велес: Евидентирани се 30 лица кои не носат маска и едно лице за непочитување на полициски час

Објавено на 17 март, 2021 во 11:25

eshtrthtr 234695

17.03.2021

Во изминатото деноноќие само едно велешанец е евидентиран за непочитување на забраната за движење од 22:00 часот до 05:00 наутро.

Во текот на истиот ден, за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита евидентирани се вкупно 30 лица.

-Во градот Велес казнети се 18 граѓани, седум во Кавадарци и пет во Неготино, соопшти Верољуб Додевски, потпарол на СВР Велес.

Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки.

Се апелира до сите граѓани да ги почитуваат мерките донесени од страна на Министерство за здравство со цел да се спречи ширењето на корона вирусот.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.