На денот без автомобили во Велес граѓаните го соопштија своето мислење за сообраќајот, потребите на пешаците, велосипедистите и возачите

Објавено на 19 март, 2021 во 14:31

162465982 197905178367851 4702683739668438170 n

19.03.2021

Дали сообраќајот во Велес е добар, има ли потреба од повеќе кружни текови, пешачки премини и чунчиња како и дали се потребни велосипедски и пешачки патеки, беа прашањата на кои денеска возачите, пешаците и велосипедистите дадоа свое мислење.

162192584 491435455212421 1026380480660562418 n

Нивните мислења ги запишуваа анкетари додека сообраќајната полиција асистираше. На пунктот за анкетирање кај Ликовен салон, анкетираните граѓани најчесто одговараа дека во градот но и надвор од него на патнот правец кон Езеро Младост, потребни се велосипедски и пешачки патеки, имаа поделени мислења за тоа колку реализацијата на сообраќајот во градот е добра или не. Велосипедистите и пешаците исто така одговараа колку често возат велосипед или возило во текот на неделата додека пешаците колку често пешачат и каде. Нивните одговори ги содржеа делумно и навиките како што се возење на велосипед од еднаш неделно до секојдневно, пешачење од секојдневно до само во викенд и слично.
Оваа активност имаше за цел да го подигне јавното мислење на граѓаните за што помалку користење на автомобилите и што почесто користење на велосипедите во Велес како и поттикнување на граѓаните почесто да пешачат.

163063545 846451982629269 6310296155571366295 n

Денешните активности се организираа по повод денот на пролетта и екологијата што Општина Велес во соработка со Здруженијата на граѓани „Велес Бајкинг“, ЕД „Грин пауер“ и ЕД „Вила Зора“ ја реализираа со поддршка на Сектор за внатрешни работи Велес.

162530813 777936789821108 8623514675643193046 n

Освен кај Ликовен салон, граѓаните беа анкетирани и на локациите спроти влезот во ОСУ „Гимназија Кочо Рацин“ како и кај кружниот тек кај Авона.
Возачите, велосипедистите и граѓаните кои учествуваа во анкетата добија и подароци што се состоеја од налепница и озонер за во возило на кои беа отпечатени пораки : „Сети се на сите што те сакаат“ и „Ден без автомобили“.

Стефани Манева 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.