Велешките цвеќарки реагираат на не лојалната конкуренција на велешките улици

Објавено на 23 март, 2021 во 14:33

164343637 2829916787133343 3779982989704851322 n

23.03.2021

Продажбите на цвеќе на улица како што беа за 8 Март, празникот на жената, но и во близина на градските гробишта како и на пазарите во Велес им создаваат проблеми на сопственичките на цвеќари во градот. Тие и пред празникот и по него, реагираат на не лојална конкуренција за која сметаат дека со продажбата на цвеќе и цветни аранжмани на тезги, скали и ивичници од улици им зема дел од постојаните купувачи.

Станува збор за цвеќарки кои имаат регистрирано фирми, вработени најмалку по уште една продавачка, редовно исплаќаат плати, придонеси и комунални такси. Исто така на годишно ниво велат дека ја подмируваат редновно и обврската за фирмарина кон општината.

-Сметаме дека со закупна тезга за празник или со продажба на цвеќе на тезга на пазар, по асфалтот или тротоарите на улиците како и пред влезовите на градските гробишта ние имаме не лојална конкуренција во нашиот град. За разлика од нив цвеќарките во сопствените цвеќари продаваат цвеќе кое што е купено на фактура, значи платен е данок. Потоа секој цвет или аранжман од цвеќе е поставен на сталажите и мора да има истакната цена за да немаме проблеми со пазарните инспектори. При контролите на инспекторите ние ставаме на увид севкупна документација за нашата работа, тоа значи од каде сме го набавиле цвеќето, по која цена, со која манжра работиме, јасно воочлива цена поставена за секој вид на цвеќе и издаваме фискални сметки. Тоа не го прави нашата не лојална конкуренција која за 3.000 денари на пример изнајмува тезга за празник или врши продажба на цвеќе на пазари без притоа да покаже и докаже со документи од каде е набавено цвеќето, која му е цената и под кои услови го продава, рече цвеќарка од Велес.

-Да дополнам дека секој дневно цвеќе продаваат и граѓани пред влезовите на градските гробишта, не знам од каде го набавуваат цвеќето и под кои услови, но не верувам дека работат со фактури, плаќаат даноци, вработуваат итн. Што сакаме да кажеме? На ваков начин они се наша не лојална конкуренција. Јас не сакам да ги обвинам дека не се борат да преживеат и на некој начин да заработат, но сепак сметам дека ни земаат дел од постојаните купувачи и ни го намалуваат прометот што ни е фискализиран, рече цвеќарка од Велес.

Нивните констатации дека за време на празникот 8 Март, беше дозволена продажба на тезги на платото пред Основен суд Велес, се точни. Таму имаше четири тезги кои неколку дена пред и на денот на празникот продаваа цвеќе и цветни аранжмани. Но за продажбата закупувачите и платија на општината околу 3000 денари. Оваа цена важеше за закуп од седум дена иако закупувачите искористија три до четири дена. Од еден од продавачите на цвеќе тогаш бевме информирани дека не работел на диво туку семејната фирма набавките ги правела со фактури и плаќала даноци.

Дума.мк за овој проблем на цвеќарките, побара официјален став од општината, во којшто бевме информирани дека секоја година до неа со барање за изнајмување на тезга се обраќаат одреден број на продавачи на цвеќе, кои не се диви туку легални затоа што за изнајмувањето на тезгата однапред ги уплатуваат средствата. Тоа им гарантира дека можат неколку дена во месец март да продаваат цвеќе. Годинава одзивот бил најслаб. Всушност од година во година се помалку интерес пројавувале велешани.

Според ваквиот одговор на општината по истиот принцип се регулира и продажбата на цвеќе на градскиот пазар. Но сепак голем е бројот на продавачи, од други градови, што секој пазарен ден можат да се затегнат како продаваат цвеќе на тротоарите на улиците кои водат кон градскиот пазар. Најверојатно за нив решението на проблемот на цвеќарките го има пазарната инспекција.

Убавка Јаневска 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.