Почина пациентка од ковид-19 во велешка болница
Објавено на 24 март, 2021 во 16:59
24.03.2021
Жената починала денеска, претпладне, на 70 годишна возраст откако три дена била лекувана на Инфективно одделение како позитивна на корона вирус. Исто така од велешка болница во Ковид центарот на Клиника за трауматологија е транспортиран еден ковид пациент.
Денеска за седум ковид пациенти е намален бројот во Општа болница Велес во споредба со вчерашниот ден. Во болницата вкупно се хоспитализирани 68 пациенти, од кои 62 се потврдено позитивни, двајца се сомнителни и четири пациенти се со негативен брис но задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 32 пациенти.
Во моментов на Инфективно одделение се лекуваат 46, во Модуларна болница 12 и на Интерно одделение 10 пациенти.
Убавка Јаневска