Инфективно одделение на велешка болница преполно е со ковид пациенти, еден транспортиран во „Жан Митрев“

Објавено на 25 март, 2021 во 15:57

127703022 587357578723038 7502241874757446031 n

25.03.2021

По извршениот транспорт од Општа болница Велес во приватната болница „Жан Митрев“ во Скопје , денеска, вкупно се хоспитализирани 73 пациенти или пет повеќе од вчера. Од нив 60 се ковид позитивни, шест сомнителни и седум пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување.

Преполн е капацитетот на Инфективно одделение каде се лекуваат 56 пациенти, во Модуларна болница осум и на Интерно одделение девет пациенти.

На кислородна поддршка се 30 пациенти или за двајца помалку од вчера.

Од болничко лекување денеска испишани се пет пациенти како оздравени, со по еден негативен тест.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.