Нема празно легло на Инфективно и се полни Модуларната болница со ковид пациенти во Велес

Објавено на 2 април, 2021 во 14:00

167848894 916826065759761 8745992242660605094 n

02.04.2021

Од почетокот на пандемијата на корона вирус, пред нешто повеќе од една година, во Велес е највисок бројот на пациенти на болничко лекување. Инфективно е целосно полно и повеќе од половина се потполнети леглата во Модуларната болница со ковид пациенти во Велес.

Денеска вкупно хоспитализирани се 95 ковид пациенти, од кои 83 се потврдено позитивни, осум сомнителни и четири пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување.

На Инфективно се лекуваат 54 пациенти што значи дека на одделението нема празен кревет, во Модуларна болница болнички пациенти се 35 или таму има помалку од половина празни легла додека шест пациенти се на Интерно одделение.

На кислородна поддршка се 49 лица или само за 24 часа бројот е зголемен за осум.

Со оглед на дневните објавите за заболени на Министерство за здравство и Институтот за јавно здравје, во изминатите денови ваквата состојба се должи токму на високите бројки на ново заразени велешани.

Стефани Манева 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.