Починати двајца пациенти од ковид-19 во велешка болница

Објавено на 12 април, 2021 во 14:39

Infektivnooddelenie1 fin

12.04.2021

Почината е жена на 76 годишна возраст од Велес, позитивна на корона вирус и лекувана на Инфективо одделение шест дена , починат е и маж од Свети Николе на 68 годишна возраст, позитивен и лекуван пет дена во Модуларна Болница.

Во Општа Болница Велес вкупно се хоспитализирани 102 ковид пациенти од нив 86 се потврдени позитивни, осум сомнителни и осум пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување.

На кислородна поддршка се 45 пациенти.

Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 53, на Интерно одделение седум, во Физикална 10 ковид пациенти и во Модуларна Болница 32.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.