Прехранбената индрустрија „Благој Ѓорев – Кристал“ продава дел од својот нефункционален имот
15.04.2021
Магацински простор и продавници кои се нефункционален имот на Прехранбената индустрија „Благој Ѓорев – Кристал “ Велес, се ставени на продажба што е одобрена од страна на Акционерското собрание во текот на вчерашната седница.
На Македонска берза е објавено дека компанијата ќе продава дел од нефункционалнитот имот во земјава.
Како главен објект кој е објавен за продажба е стоковна куќа „26 јули“ во Скопје со површина од 1.370 м2 . Велешката компанијата, исто така, продава и магацин во битолското село Логовари со вкупна површина од 17.511 квадратни метри од кои градежни објекти со површина од 5.647 м/2 и двор во површина од 11.864 м/2.
Потоа магацинскиот простор во Кичево, продавница од 167 квадратни метри во Битола и продавница од 45 квадрати во Куманово.
Сите овие објекти ќе се продаваат по пат на јавна продажба или со непосредна спогодба според пазарни цени кои се најповолни на продажбата за друштвото.
Стефани Манева