Натепан велешанец, граѓани без заштитни маски и „шетачи во полициски час“

Објавено на 21 април, 2021 во 14:06

133682610 1100425480370198 2632574675859725639 n

21.04.2021

Во информациите на полицискиот билтен од 20 април, годинава. евидентирана се една тепачка, бројот на напишани платни налози што ги заработиле граѓаните кои во пандемија со Ковид-19 не носеле заштитни маски на јавен простор како и за непочитување на полицискиот час. Вчера попладне, околу 17:30 часот, во СВР Велес, триесет и осум годишниот Ѓ.К од Велес пријавил дека на ул.„Стефан Богоев“ бил физички нападнат од две лица. Полицијата трага по напаѓачите и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во временскиот период од 24 часа , помеѓу 20 и 21 април, за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита Секторот за внатрешни работи Велес евидентира вкупно 32 лица.

Полициски службеници без маски на јавни места затекнале 13 граѓани во Велес, 12 во Кавадарци и седум во Неготино.

Против лицата ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така евидентирани се и четири случаи на велешани кои не го почитувале полицискиот час и во периодот од 20: 00 до 05: 00 часот наместо дома биле затекнати во движење на градските улици.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.