Велешанка касната од бездомно куче и казни за 14 граѓани кои не носеле маска

Објавено на 23 април, 2021 во 10:28

svr veles

23.04.2021

Во Сектор за внатрешни работи Велес, на 22 април, вчера, околу 17:00 часот од страна на Л.Ј (51), било пријавено дека на улица „Благој Ѓорев“ била касната од бездомно куче.

Во текот на истиот ден, за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита евидентирани се 21 граѓанин. Од казнетите 14 се велешани, шест неготинци и еден кавадарчанец.

Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки.

За непочитување на забраната за движење за време на полициски час кој трае од 20:00 до 05:00 часот, во последните 24 часа, полициските службеници немаат регистрирано ниту еден прекршок.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.