Нема новопримени ковид болни во изминатото деноноќие во болницата, британскиот сој го достигна пикот во Велес но нема простор за опуштање

Објавено на 23 април, 2021 во 14:06

kovid kombe veles duma 1

23.04.2021

Деведесет пациенти, исто како и вчера, се лекуваат во Општа болница од корона вирус. Од нив 71 се потврдено позитивни, четири се сомнителни и 15 пациенти се со негативен брис но задржани на болничко лекување.

Најголем број од нив, 39 се лекуваат во Модуларната болница, 36 на Инфективно , девет на Физикално и шест на Интерно одделение.
На кислородна поддршка се 39 пациенти.

Денеска од болницата испишани се шест пациенти како оздравени со по еден негативен тест.

Според податоците на Центар за јавно здравје каде секојдневно во работниот дел на неделата се земаат помеѓу 25 и 30 брисови од сомнителни и новозаразени граѓани опаѓа бројот на втората категорија на граѓани.

dr Nikolovska Nedelkova

-Неделава може да се констатира дека бројот на ново заразени се намалува во споредба со бројот на хоспитализирани пациенти што воопшто не треба да се подразбере како олеснителна околност бидејќи заразените во овој трет бран на корона вирус имаат потешка клиничка слика. Тоа ми дава за право да констатирам дека станува збор за пациенти што се заразени со британскиот сој на вирусот и ним им е потребно подолготрајно лекување. Всушност тоа го потврдуваат податоците на Општа болница Велес каде се зголемува бројот на пациенти со по еден негативен резултат, денеска се вкупно 15, но подолготрајно се зависни од медицинска помош и нега во болнички услови па затоа не се пуштени на домашно лекување, рече д-р Весна Николовска Неделкова директорка на Центар за јавно здравје Велес.

Директорката сепак апелира велешани да не се опуштаат и понатаму да бидат внимателни, да не се групираат, да држат растојание, да носат заштитни маски и редовно да се дезинфицираат.

Состојбата од денешна гледна точка потврдуваат дека Велес го достигна пикот на третиот бран и започнат е процесот на намалување на бројките и на хоспитализирани и на ново заразени.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.