Фатени „на дело“ ограбувачите на аптека, маркет и сендвичара во Велес
Двајца малолетни браќа од струмичко Ангелци, петнаесет годишниот Н.П и седумнаесет годишниот Г.П, во изминатите десет ипол месеци извршиле осум кражби во Велес. Нивни соучесник бил и велешанецот Л.Х (36).
Полицијата ги осомничи за тешката кражба во маркетот на „Жито“ , на централната улица „Благој Ѓорев“, за двата грабежи во аптеката „Цито – Фарм“ на улицата „Димитар Влахов“, за грабежот во сендвичарата „Четворка“ на улицата „Кресненско Востание“ потоа ги повториле делата во аптеката и во маркетот.
Крадците кои се родени во струмичкото село имале баба во Велес и тука биле чести „гости“ кои краделе и акумулатори од возила. Нив им помагал велешанецот.
Сите се осомничени за плен тежок 37 илјади денари, во пари, како и за одземени предмети и производи. Во грабежите кои ги извршиле тие кршеле стакла, обивале врати и биле маскирани, носеле фантомки на главите а на продавачите и аптекарите им се заканувале со ножеви.
Полицијата ги фатила на дело, кога на 9 ноември го ограбувале маркетот на „Жито“. Секторот за внатрешни работи им подготвува кривични пријави за сторени три кривични дела „разбојништво“, две кривични дела „тешка кражба“ и три кривични дела „ кражба“.
Двајцата малолетници од струмичко Ангелци и претходно биле пријавувани за кривични дела против имотот додека велешанецот за нарушување на јавен ред и мир./Б.Н
