Најбројни, граѓаните од населбата Рамина, на отворениот ден на претпријатието за стамбен и деловен простор во Велес

Објавено на 10 јануари, 2014 во 15:45

Најбројни биле граѓаните од свлечиштето Рамина, денеска, на отворениот ден во подрачната единица на претпријатието за стопанисување со станбен и деловен простор во Велес. Тие од директорот Маријан Стефановски барале информации кога ќе започне изградбата на ветените станови во градот за целосно да се реши нивниот проблем со урнатите куќи од земјеното свлечиште. По информации дошле и повеќемина млади брачни парови на кои им треба покрив над глава но, во државна сопственост.

– На граѓаните од Рамина им образложив дека сите нивни барања ќе ги пренесам до надлежното министерство за транспорт и врски. Примив група на граѓани со ниски примања кои пројавија интерес за откуп на становите на кои пак им одговорив дека сеуште чекам насоки од надлежното министерство за транспорт и врски и иако нивните договори се истечени се надевам дека во брз период ќе се реши дали ќе ги откупуваат или пак ќе бидат продолжени договорите за закуп, рече Стефановски.

Тој соопшти дека велешката подружница веќе побарала од претпријатието за стамбен и деловен простор изградба на две згради за млади брачни парови и за приматели на социјална помош во Велес.

Стефановски барањето очекува годинава да се реализира како и распределбата на двата државни стана во градот на деца без родители. За нив ќе решава надлежна комисија на државно ниво.

Тој одговарајќи на новинарско прашање дали корисниците на социјални станови во населбата Тунел редовно ја плаќаат месечната кирија рече дека најголем дел тоа го прават додека кај дел, неплаќачи, биле испратени извршители а имало и случаи кои ќе се селат затоа што на државата и борчеле повеќе од десет месечни ќирии.Б.Н

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.