Хемиското училиште има нов в.д директор
Во наредните шест месеци професорот по англиски јазик Горан Јанков ќе биде в.д директор на ова општинско средно училиште. Одлуката ја донел градоначалникот Славчо Чадиев кој не го прифатил предлогот на Училишниот одбор на ССОУ „Димитриja Чуповски“ и не и го продолжил мандатот на екс директорката Вaлентина Јовева.
Јанков е именуван пред седум дена. Тој најави новини во работата кои планира да ги воведе се со цел подигнување на квалитетот на наставата, промоција на училиштето во регионот и привлекување на поголем број на ученици кои се запишуваат во здравствената, хемиско-технолошката и прехрамбената струка. Последнава насока стана примамлива за поголем број на средношколци како ид градот така и од регионот. Токму за практичната настава на учениците пекари во училиштето функционира работилница.
– Целиот проект започна за доедукација на невработени лица. Минатата година десет лица се оспособија за пекари и си најдоа вработување. Освен за таа намена работилницата се користи и за практична настава на учениците.Во план сме да ја развиеме работилницата во реална компанија, да произведуваме пецива а сретствата од продажбата да ги користиме за потребите на училиштето, рече Јанков.
Во училиштето, на професорското место по англиски јазик е примен нов професор./Б.Н
.