Укината мерката притвор на велешкиот судија Иле Танев
Танев ќе биде на слобода до правосилноста на пресудата, во случајот Ликвидација, во кој беше осуден со 2,5 годишна затворска казна. Апелацискиот суд Скопје го потврди решението на Основниот суд Скопје 1 и ги прифати понудените гаранции на судијата.
Претходно со одлуката на понискиот суд не се сложи Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кое се жалеше до Апелациониот суд. Но одлуката на скопска апелација му донесе слобода на судијата Танев кој од лани, од 27 мај беше во притвор.
Од денеска тој е на слобода додека во затвор остануваат екс судијата Валентин Зафиров и обвинителот Ивица Ефремов. Сега течат роковите за жалба.
Пред судијата Иле Танев, до правосилноста на пресудата,на слобода беше пуштен новинарот Томислав Кежаровски./С.Д
